Линкови за пристапност

Турскиот премиер отфрли “чувство на одмазда“


САД предупредуваат дека Турција оди предалеку во враќањето на редот во државата

По критиката од САД и други западни лидери, турскиот премиер Бинали Јилдрим се заложи против барањата за одмазда по неуспешниот државен удар против неговата влада.

“Никој не треба да стравува од одмазда. Тоа е неприфатливо во држава каде владее законот, рече Јилдрим и повика на братство по неуспешниот обид за смена на власта.

Во време кога повика на обединување на нацијата, Јилдрин рече дека ќе го „отстрани од корен“ движењето со седиште во САД на верскиот водач Фејтула Гулен, човек кој се обвинува дека стои зад планот за пуч, за како што, кажа никогаш повеќе да не може да го изневери турскиот народ.

САД ја повикаа Турција да покаже воздржаност и да делува согласно законите кога ќе ја спроведува истрагата за минатонеделниот неуспешен воен удар.

Во Брисел, државниот секретар Џон Кери рече дека поддржува изведување на извршителите на обидот за државен удар пред лицето на правдата, но предупреди дека Владата во Анката оди предалеку во враќање на редот и поредокот во државата.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернерс ја подвлече поддршката за демократски избраната влада во Турција и додаде дека Вашингтон ги цени „важните односи“ со својот сојузник во НАТО.

XS
SM
MD
LG