Линкови за пристапност

Помпео ги повика Грција и Турција да ги продолжат разговорите за надминување на територијалниот спор


Двете земји, кои имаат разни отворени прашања, се согласија да ги разгледаат можности за постигнување договор во источниот Медитеран, каде минатиот месец се пресретнаа два воени бродови.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги повика сојузниците во НАТО, Турција и Грција, да ги продолжат разговорите што е можно побрзо за да постигнат договор за територијалниот спор за поморската граница, кој ги зголеми тензиите меѓу двата соседи во Медитеранот.

Двете земји, кои имаат разни отворени прашања, се согласија да ги разгледаат можности за постигнување договор во источниот Медитеран, каде минатиот месец се пресретнаа два воени бродови.

Турција испрати истражувачки брод, кој беше придружуван од воени бродови, во потрага по локација за нафта и природен гас во област, која Грција тврди дека е во нејзина територија. Грција возврати со испраќање воени бродови и кревање на нивото на готовност на армијата, што ги подгреа стравувањата за конфликт.

Разговори Ердоган - Макрон
Разговори Ердоган - Макрон


Турција го повлече назад истражувачкиот брод, истакнувајќи дека чекорот има цел да го отвори патот за разговори пред дводневниот самит на ЕУ кој почнува на 1-ви октомври.

Членките на ЕУ ќе дискутираат за територијалните несогласувања и ќе разгледаат евентуални санкции врз Турција, кои ги бараат Кипар, Грција и Франција.

„Се надеваме дека овие разговори ќе продолжат во сериозен тон“, изјави Помпео по средбата со шефот на грчката дипломатија Киријакос Мицотакис на островот Крит. „Ги охрабруваме да ја продолжат дискусијата што е можно порано“, изјави првиот човек на дипломатијата на САД.

Источно-медитеранските држави во надеж да најдат нафта и гас брзаат да преземат јурисдикција врз поморски води, поттикнувајќи долгогодишни контакти во процесот.

Грција и Египет се согласија за договор за дефинирање на поморските граници меѓу нив, но предизвикаа загриженост во Турција, која тврди дека се работи за дел од нејзината област.

Помпео беше во дводневна посета на Грција по регионалната ескалација на тензиите за ресурсите за енергија. Тој рече дека САД ги поддржуваат грчките напори за пристап до маршрутите за енергетски извори. Помпео додаде дека Русија има дестабилизирачко влијание во областа.

Државниот секретар на САД се наоѓа во пет-дневна регионална турнеја која вклучува и посета на Хрватска, Италија и Ватикан.

XS
SM
MD
LG