Линкови за пристапност

Извештај: Трамп како една од најголемите глобални закани


Британската истражувачка група го става претседателствувањето на Трамп во иста категорија со тероризмот и економијата на Кина

Претседателска функција за Доналд Трамп е шеста по големина закана за светот, во тесна конкуренција со перспективата за тероризам што ја дестабилизира глобалната економија, според проценка на британската истражувачка група ЕИУ.

Ова е најновото рангирање на глобалните ризици, каде на врвот на листата е наглото економско забавување на Кина. По тоа следат руските акции во Сирија и Украина што донесува нова студена војна, кризата со корпоративен долг во економските пазари во подем и распаѓањето на Европската унија.

ЕИУ вели дека не очекува Трамп да победи на ноемвриските избори, но дека има умерена веројатност тоа да се случи што би имало големо глобално влијание.

Групата вели дека нерасположението спрема слободната трговија, залагањето за убивање на семејствата на терористи, поддршката за копнени трупи во Сирија и отуѓување на Кина и Мексико – може да резултира во трговски војни и да ги поттикне терористичките групи.

Трамп вети дека ќе се залага за тешки договори во меѓународните преговори, особено со Кина. Едно од најповторуваните кампањски ветувања е изградбата на ѕид по должина на јужната американска граница со Мексико за да се држат надвор илегалните имигранти, проект што Мексико ќе го финансира.

XS
SM
MD
LG