Линкови за пристапност

Трамп за споделените „факти“ со Русите


Американскиот претседател има овластување да направи која било информација да не биде повеќе „строго доверлива“, што значи дека Трамп не сторил ништо противзаконско

Советникот за национална безбедност Херберт Мекмастер и други членови од администрацијата на Трамп, ги негираа извештаите дека претседателот открил строго доверливи информации на руски официјални лица во Белата куќа.

Претседателот Трамп се огласи преку Твитер дека сакал да сподели факти за тероризмот и безбедноста во патничките авиони и ја повикал Русија да преземе повеќе акции против Исламската држава.

Трамп, осврнувајќи се на извештаите на медиумите, рече дека како претседател има апсолутно право да сподели такви информации.

Неколку медиуми во САД пренесоа дека претседателот открил строго доверливи информации за време на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и амбасадорот Сергеј Кислјак во Белата куќа минатата недела.

Трамп има овластување да направи која било информација да не биде повеќе „строго доверлива“, што значи дека тој не сторил ништо противзаконско. Но, официјални лица од областа на разузнавањето, кои ги цитираа медиумите, изразија загриженост дека информациите можат да им наштетат на меѓусебните односи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG