Линкови за пристапност

Трамп се сретна со првиот човек на Твитер


Ја окарактеризира средбата како „одлична“ и истакна дека дискутирале за многу прашања околу платформата и социјалните медиуми, генерално.

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со првиот човек на Твитер неколку часа откако се пожали дека оваа платформа од социјалните медиуми ги третира нефер.

Кусо време по состанокот во Овалната соба во Белата куќа со извршниот директор Џек Дорси, испрати твит со фотографија од дискусијата и изрази попозитивен тон од неговиот претходни пораки.

Ја окарактеризира средбата како „одлична“ и истакна дека дискутирале за многу прашања околу платформата и социјалните медиуми, генерално.

"Look forward to keeping an open dialogue!" the @realDonaldTrump tweet concluded.

[[ https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1120793199650463747 ]]

Дорси му се заблагодари на разговорот и се заложи за поголемо улога на Твитер во изградбата на граѓанското општество.

Веднаш штом победи на изборите, се сретна со виши лица од водечките технологии во декември 2016-та, но не беше поканет Твитер.

Денешната средба во Белата куќа беше на покана на претседателот, според Твитер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG