Линкови за пристапност

Американски суд ѝ дозволи на администрацијата на Трамп со укинување на статусот за хуманитарна заштита за многу странци во САД


Според агенцијата, со 2 спрема 1, панел од тројца судии од Апелациониот суд во 9-от Округ ја преиначи одлуката од понизок суд кој го блокираше потегот на Трамп

Американски суд ја поддржа одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да стави крај на хуманитарната заштита за стотици илјади имигранти, многумина од нив, живеат со децении во САД, објави Ројтерс.

Според агенцијата, со 2 спрема 1, панел од тројца судии од Апелациониот суд во 9-от Округ ја преиначи одлуката од понизок суд кој го блокираше потегот на Трамп кон таканаречените лица кои спаѓаат во категоријата ТПС (со привремен статус за заштита) , а се однесува на лица од Ел Салвадор. Судан, Хаити и Никарагва.

Судијата Консуело Калахан, кој што беше назначено од поранешниот републикански претседател Џорџ Буш, напиша мислење на 54-страници дека одлуката на администрацијата на Трамп да се укине заштитата не треба да се преразгледа, и затоа не треба да биде блокирана.

Судијата Калахан ги отфрли и тврдењата на критичарите дека нон-европски и имигранти кои не се белци, влијаеле врз одлуката за укинување на ТПС статусот.

Адвокатот Ахилан Араланахам, ја оцени одлуката како „правно неиздржана“, и оти случајот евентуално ќе заврши пред Врховниот суд.

Претседателот Трамп на митинг во Невада
Претседателот Трамп на митинг во Невада

Трамп ја наметна рестриктивната имиграциона политика во средиштето на неговата кампања за реизбор во 2020 против демократскиот предизвикувач Џо Бајден.

Програма ТПС им овозможува на странци чии држави се наоѓаат во состојба на природна катастрофа, вооружен конфликт или друг исклучителен развој на настаните да останат во САД и да аплицираат за работна дозвола. Нивниот статус мора привремено да се обновува од секретарот за домашна безбедност, кој што може да го продолжи од шест на 18 месечен интервал.

Администрацијата на претседателот Трамп аргументира дека повеќето држави од оваа програма се опоравиле од природни непогоди или конфликти и статусот на државјаните од овие земји бил обновуван со години, без конкретна причина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG