Американскиот претседателот Доналд Трамп во ударен вечерен термин го одржа неговото редовно, трето, годишно обраќање до нацијата во Конгресот пред полн состав на двата законодавни дома, судии од Врховниот суд, Кабинетот од Белата куќа, армискиот врв, претставници од дипломатскиот кор. Тематски, насловен, тематски, како „Голем американски кам-бек“, тој изложи визија на неуморен оптимизам.
Го охрабри Конгресот да соработува со него во продолжување на зацврстување на економијата, при што Американци, од сите бекграунди, ќе најдат нови можности. И, ниту еднаш не го спомна зборот импичмент во повеќе од едночасовното обраќање до нацијата.
Претседателот Трамп во говор коишто наликуваше на изборна кампања за реизбор, потсети дека само пред три години наследил менталитет на американско повлекување, но оти ја отфрлил судбината на уназадување на Америка.
„Веднаш што ја презедов претседателската функција, се насочив кон заживување на американската економија – укинав рекорден број регулативи, спроведов историски даночни кратења и се борев за фер и реципрочни трговски договори“, изјави првиот човек на САД, пришто наиде на громогласен аплауз од неговите партиски истомисленици.
Во последните осум години од претходната администрација, над 300.000 работни места без згаснати, а во последните три години од актуелната администрација, 3,5 милиони работоспобни луѓе се вратиле на пазарот на трудот.Трамп за отворањето работни места
Во последните осум години од претходната администрација, над 300.000 работни места без згаснати, рече Трамп и предочи дека во последните три години од неговата администрација, 3,5 милиони работоспобни луѓе се вратиле на пазарот на трудот.
„Ова е бум на работните семејства во САД. Берзите бележат рекорд за време на мојот мандат“, изјави претседателот.
Според него, Компаниите не заминуваат од САД, туку се враќаат назад.
Трамп рече дека благодарение на кампањата за намалување на регулаторните прописи, САД станаа број еден производител на нафта и природен гас во светот.
Претседателот, акцентирајќи го успехот на економски план, пред двата дома на Конгресот рече дека откако биле затворени 60.000 фабрики од претходните две администрации, Америка отвори 12.000 нови фабрики во последните 3 години. Се осврна на новиот трговски договор со Кина, коишто според него ги штити американските работници, ја заштитува интелектуалната сопственост, и отвара нови пазари за производство и развој во САД.
Стапката на невработеност е најниска во последниот половина век, особено меѓу малцинските заедници, рече Трамп.
За заштита на американската слобода, САД инвестирале рекордни 2,2 трилиони долари во американската армијаТрамп најави нови инвестиции во осовременување на армијата и го истакна формирањето на вселенски сили
За заштита на американската слобода, претседателот нагласи дека САД инвестирале рекордни 2,2 трилиони долари во американската армија и го истакна формирањето на новите вселенски сили.
Следен чекор е, рече Трамп, изградба на општество во кое секој млад Американец ќе стекне одлично образовние и можност да го реализира американскиот сон.
„Добар живот за американските семејства подразбира и пристапен, иновативен здравствен систем со најголем квалитет на светот.
„Секогаш ќе ги штитам пациентите со постоечки здравствени проблеми. Никогаш нема да дозволиме социјализмот да го уништи американскиот здравствен систем.“Трамп за достигнувањата во здравствениот систем на САД
„Секогаш ќе ги штитам пациентите со постоечки здравствени проблеми. Никогаш нема да дозволиме социјализмот да го уништи американскиот здравствен систем.“, порача американскиот претседател од говорницата во Конгресот и доби стоечки аллауз.
Во делот за националната безбедност, Трамп ги истакна напорите без преседан од неговата администрација за обезбедување на јужната граница на САД.
За надворешната политика, Трамп потенцираше дека во заштита на американските животи, неговата администрација работи на ставање крај на војните на Америка на Блискиот исток.
Заврши со зборовите, „нашите претци изградиле најдобра Република во човечката историја, а ние ја правиме уште подобра од порано“, изјави претседателот Трамп во редовното годишно обраќање до нацијата во Конгресот.
Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси ја скина копијата од говорот на претседателот, по завршувањето на обраќањето.
Традиционално, за време на обраќањето до нацијата, претседателот имаше гости меѓу присутните од разни сфери на животот, а конзервативниот радио-водител Раш Лимбо, кој боледува од рак, го одликуваше со највисоко цивилно признание, претседателски медал на слободата.
Демократскиот одговор на обраќањето на претседателот го пренесе гувернерката од Мичиген Гречен Витмар.
Таа ги обвини Републиканците во Вашингтон дека се обидуват да го уништат здравствениот систем, пренесувајќи непријатни животни искуства од нејзиното тесно семејство. Според неа, американските работници страдаат, не само во Мичиген, туку и во соседен Охајо, Пенсилванија, насекаде. Студентските заеми, лековите, и превозот е прескап и преголем товар врз средната класа граѓани, нагласи Витмар. Гувернерката најави дека 2020-та е важна година, и повика, како и нејзината ќерка Шери, која завршува средно училипте, и за прв пат ќе има можност да гласа, тоа да го сторат и милиони млади Американци, затоа што се постојана инспирација и двигател на промени во земјата.
Facebook Forum