Американскиот претседател Доналд Трамп во второто редовно годишно обраќање во Конгресот за состојбата на нацијата повика на оптимизам и обединетост, што доаѓа во време на жестока партиска поделеност и политички анимозитет откако Владата на САД е целосно отворена само до 15 февруари, по 35 дневно затварање што погоди илјадници федерални работници. Првично, годишното обраќање требаше да биде на 29-ти јануари, но беше одложено поради делумното владино затворање, најдолго во американската историја.
Во еден час и половина, како што кажа претседателот, ја изложи не републиканската агенда, не демократската, туку агендата на американскиот народ.
“Заедно, може да ги надминеме децениите на политички ќорсокак. Можеме да градиме мостови, да ги залечиме старите рани, да изградиме нови сојузништва, да го откочиме ветувањето за американската иднина, рече претседателот.
Изминатите две години, рече претседателот Трамп, „мојата администрација го забрза решавањето на проблемите, кои што беа запоставени од двете партии. По 24 месеци, нашата економија е лидер во светот, нашата армија е најмоќна во светот, а Америка победува секој ден“.
„Имаме морална обврска да го изградиме имиграционен систем што ги штити животите и работни места на нашите граѓани, рече претседателот.
Ги повика двете партии да се обединат за изградба на изградба на застарената инфраструктура на Америка. Се осврна на силната економија и потсети на фактот дека повеќе од 300.000 работни места беа отворени само минатата недела.
„Состојбата на нацијата е силна“, нагласи тој и доби силен аплауз во Конгресот, истакнувајќи дека економијата е вибрантна и силна како никогаш досега.
Како претседател, се залагам за нов пристап рече Трамп и додаде – „големите нации не водат бесконечни војни“. Нагласи дека ќе ги доуништи остатоците од Исламската држава, и оти е време храбрите американски војници од Сирија, да се вратат дома.
„Заедно стоиме зад народот на Венецуела во нивните пориви за слобода“, нагласи Трамп, осврнувајќи се на актуелната состојба во оваа земја.
Одговорот на демократите го пренесе уште една растечка ѕвезда во партијата, Стејси Абрамс, која за малку загуби на ноемвриските избори да стане прва жена – Афро-американка, гувернерка на Џорџија. Таа рече дека соништата на американските семејства се урнисани од републиканското лидерство кои што ги игнорираат реалните проблеми во животот или едноставно не ги разбираат. Таа посети дека моралното лидерство ширум светот е слободни и фер избори, каде што граѓаните ги избираат лидерите, а не каде политичарите ги контролираат гласачите.
Јакнење на домашната економија, останува главен приоритет меѓу последните анкети на истражувачкиот центар Пју за јавното мислење во САД. Севкупно, дури за 70% Американци. Меѓу републиканците, 79%, меѓу демократите 64 отсто, сметаат дека треба да биде главно прашање во земјата, како надополнување дека повеќе од 300.000 работни места беа отворени во САД минатата недела, а стапката на невработеност и натаму е на рекордно ниско ниво, околу 4 проценти. Силната економија ги обединува и републиканците и демократите, независните, неопределените...
Facebook Forum