Линкови за пристапност

Трамп повторно ја оцени средбата со Путин кaко успешна


Претседателот рече дека погрешно се изразил во изјавата за руското мешање во изборите во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш ја бранеше средбата со рускиот претседател Владимир Путин еден ден откако го повлече прифаќањето на одбивањето на Путин, дека Москва се мешала во претседателските избори во 2016-та.

„Со Путин разговарав за многу важни прашања. Имавме пријателски состанок за разлика од многу критичари кои сакаа да видат боксерски натпревар. Следуваат големи резултати! - напиша Трамп на Твитер.

Твитер-пораката од претседателот уследи еден ден откако рече дека го прифаќа заклучокот од американската разузнавачка заедница дека Русија се мешала во претседателските избори во 2016-та.

Ваквите коментари доаѓаат еден ден откако јавно го прифати негирањето на Путин дека Москва е инволвирана во мешањето во изборите во САД. Тоа предизвика жесток критицизам и меѓу републиканските и меѓу демократските законодавци за прифаќањето на збор од странски лидер, а не тврдење од домашните разузнавачки агенции. Законодавците ги нарекоа неговите коментира срамни за неговото претседателство.

На средбата со републиканските законодавци во Белата куќа, Трамп рече дека откако го разгледал транскриптот од неговата изјава за Хелсинки, рече дека сфатил дека погрешно се изразил.

„Во клучната изјава, јас мислев, „ Не гледам причина, зошто да не биде Русија“, рече Трамп, а не како што сум кажал „не гледам причина зошто да биде Русија“.

Но, тој додаде дека руските акции немаат влијание врз исходот на неговата победа врз демократската Хилари Клинтон, поранешна државна секретарка и го повтори познатиот став дека немало било каква соработка меѓу неговата кампања и руски оперативци.

Тој рече дека неговата администрација ќе стори се` што може да одврати било какви руски обиди за мешање во делумните конгресни избори во САД во ноември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG