Линкови за пристапност

Претседателот Трамп најави дека се бара нова локација за републиканската конвенција во август


Причина, несогласувањата со демократскиот гувернер на Северна Каролина

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека републиканците ќе ја префрлат националната конвенција од Северна Каролина затоа што гувернерот на оваа сојузна држава одбива да ги укине ограничувањата за големи настани чија цел е спречување на ширење на коронавирусот.

Гувернерот на Северна Каролина бара почитување на социјалното дистанцирање
Гувернерот на Северна Каролина бара почитување на социјалното дистанцирање

Околу 19.000 луѓе, вклучувајќи делегати и партиски официјални лица се очекуваа да се соберат во Центарот Спектрум во Шарлот, каде се играат натпреварите во НБА на домашните Хорнетс. Тука треба да биде прифатена номинацијата на претседателот Трамп за партиски кандидат на изборите во ноември. Претседателот и републикански официјални лица бараа од демократскиот гувернер Рој Купер да дозволи нормална конвенција, со арена преполна со делегати и гости, кои можат да се движат наоколу без заштитни маски.

Поддржувач на претседателот
Поддржувач на претседателот

Но, гувернерот Купер ги отфрли барањата, истакнувајќи дека е можно одржување на конвенција со намален број на делегати, социјално дистанцирање и задолжителни заштитни маски.

Трамп преку Твитер жестоко возврати дека тоа ќе ги принуди републиканците да бараат други сојузна држава која ќе биде домаќин на Републиканската конвенција.

Новинските агенции јавија дека во игра се Нешвил, Тенеси, Џексонвил и Орландо во Флорида, и неколку градови во Џорџија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG