Линкови за пристапност

Трамп во Флорида ќе ја прифати партиската номинација за изборите


Претседателката на Националниот републикански комитет Рона Мекданиел изјави дека републиканците се подготвени да го „слават моментот со номинирањето“ во Џексонвил.

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го одржи обраќањето за неговата партиска номинација во Џексонвил, Флорида, во август, објави републиканскиот национален комитет.

Републиканската конвенција беше закажана да се одржи во Шарлот, Северна Каролина, но националниот комитет објави дека некои активности околу конвенцијата, вклучувајќи го ударниот говор на Трамп за прифаќање на номинацијата ќе се префрли во Флорида.

Трамп инсистираше дека сака говорот да го донесе во преполна арена, без социјално дистанцирање и без делегатите да носат заштитни маски, мерки кои што се користат наголемо ширум светот да запре ширење на коронавирусот.


Претседателката на Националниот републикански комитет Рона Мекданиел изјави дека републиканците се подготвени да го „слават моментот со номинирањето“ во Џексонвил.

Во Северна Каролина, чии гувернер е демократ, сепак, ќе се одржат некои настани врзани со републиканската конвенција поради претходно склучени договори.

САД имаат повеќе од два милиони случаи со Ковид-19, и над 113.000 починати.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG