Линкови за пристапност

Трамп ја откажа средбата со Путин на Г-20


Причина, запленувањето на три украински бродови од Москва

Американскиот претседател Доналд Трамп неочекувано ја откажа планираната двочасовна средба со неговиот руски колега Владимир Путин како одговор на потегот на руските сили во Црното море кога запленија три украински бродови заедно со нивниот екипаж.

„Со оглед дека бродовите и екипажот се` уште не се вратени во Украина, одлучив дека ќе биде од најдобар интерес да ги откажам сите претходно најавени средби со претседателот Владимир Путин“, напиша Трамп на Твитер пред да замине од Вашингтон за Буенос Аирес каде викендов се одржува Г-20, Самитот на најразвиени економски во светот.

„Очекувам наскоро средба штом ситуацијата ќе се разреши“, истакна Трамп.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1068181367857397760

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1068181371883909121

Трамп преку Твитер објави дека ја откажува средбата со Путин, кусо време откако на репортерите во Белата куќа им кажа дека најверојатно ќе ја одржи средбата според планираното.

„Веројатно ќе имам средба со претседателот Путин. Тие сакаат да имаме средба, а веројатно е добро време за состанок“, рече Трамп.

„Ќе го добијам целосниот извештај за инцидентот во Црното море, потоа ќе одлучам за следните чекори“, рече претходно претседателот.

Russian President Vladimir Putin shakes hands with US First Lady Melania Trump, left, next to US President Donald Trump, German Chancellor Angela Merkel and French President as he arrives to attend a ceremony at the Arc de Triomphe in Paris as part of com
Russian President Vladimir Putin shakes hands with US First Lady Melania Trump, left, next to US President Donald Trump, German Chancellor Angela Merkel and French President as he arrives to attend a ceremony at the Arc de Triomphe in Paris as part of com

Белата куќа објави дека Трамп ја донел одлуката за време на летот на Air Force One по брифингот со државниот секретар Мајк Помпео, советникот за национална безбедност Џон Болтон и шефот на Кабинетот Џон Кели.

Руските новински агенции јавија дека Кремљ не бил информиран за одлуката на Трамп.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Петро Порошенко ги повика земјите од НАТО да испратат поморски бродови во Азовското море и помош за неговата земја, за да обезбедат безбедност поради тензиите со Русија.

Украина, која беше дел од Советскиот сојуз, не е членка на НАТО.

Портпаролката на НАТО Олга Лунгеску, одговори на барањето на Порошенко, потсетувајќи дека Алијансата веќе има силно присуство во регионот на Црното море.

Таа рече дека бродовите на НАТО рутински патролираат во областа и сојузниците на Алијансата вршат набљудувачки летови.

Германската канцеларка Ангела Маркел го отфрли барањето на Порошенко и побара од Киев да усвои соодветен пристап зашто нема воено решение за проблемите.

Исто така, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган понуди да има улога на посредник меѓу Украина и Русија.

Рускиот претседател Путин го обвини украинскиот претседател Порошенко дека го користи инцидентот за јакнење на шансите за ре-избор следната година.

Специјалниот американски пратеник за Украина Курт Вокер, на новинарите во Берлин им изјави дека верува во фактите од Киев дека нивните бродови оперирале во меѓународно утврдени води.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG