Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин следната недела во Париз.
Но, Трамп рече дека се` уште планира да се сретне со Путин на Самитот на Г-20 во Буенос Аирес на крајот од месецот.
И од Кремљ има рамнодушност за евентуалната средба на двајцата лидери во Париз. Портпаролот за руските медиуми изјави дека комеморациите за одбележувањето на 100-та годишнина од Првата светска војна не дозволуваат двата претседатели да имаат меѓусебна средба.
Facebook Forum