Линкови за пристапност

Трамп се заложи дека ќе ги заштитува верниците од сите религии


Денеска се одржа традиционалниот Молитвен појадок во главниот град на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп се заложи дека секогаш ќе ги штити религиозните луѓе и ја истакна нивната улога во животот на САД.

„Како претседател, секогаш ќе ги поддржувам, охрабрувам, заштитувам, религиозните лица, коишто се пример во заедницата и силен елемент во општеството“, изјави претседателот Трамп пред стотици луѓе на годишниот Молитвен појадок којшто традиционално се одржува во Вашингтон.

„Нема никогаш да ве оставам сами“, изјави Трамп на собирот луѓе од сите вери, членови од Конгресот, угледни републикански и демократски законодавци, вклучувајќи ја спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, водечка демократка, лидерка во овој законодавен дом, во кој се водат неколку истраги против Трамп и неговата администрација.

Два дена откако на годишното обраќање во Конгресот за состојбата на нацијата повика на усвојување легислатива со која ќе биде ставен крај на абортусот во погорната фаза, претседателот Трамп се заложи: „Мора да градиме култура што ќе го празнува достоинството на невиниот човечки живот. Сите родени и неродени деца, се божја волја. Секој човечки живот е светол, скапоцен подарок од рајот“.

Американскиот лидер изјави: „кога ќе ги отвориме срцата за верата, ги полниме со љубов“.

Тој го прекина кусиот говор во Вашингтон и кажа сопствена молитва – „да се помолиме за иднината на нашата држава. Да се помолиме за храброста да бараме правда, мудрост и смиреност на патот кон мирот.“

„Да се помолиме за иднина во кое каде секое дете ќе има топол, безбеден дом. Да се обединиме за доброто на нашите граѓани, за здравје во семејствата, за остварување на најдлабоките надежи со највисок потенцијал“, истакна претседателот Трамп на Молитвениот појадок во Вашингтон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG