Линкови за пристапност

И покрај анкетите, Трамп тврди дека води над демократските кандидати за изборите 2020


„Засега котирам добро, и рано е да се фокусирам на изборите. Имаме уште работа! Да ја направиме Америка, повторно да биде најдобра!“, објави Трамп преку Твитер.

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека води над сите демократски претседателски кандидати кои сакаат да го соочат на изборите 2020-та, иако неговата кампања отпушти тројца анкетари откако последните истражувања на јавното мислење кои што протекоа во јавноста, покажаа дека Трамп заостанува зад водечкиот демократ, поранешниот потпретседател Џо Бајден.

„Само анкетите на лажните вести, покажаа дека сме зад нив“, рече Трамп на Твитер. „Засега котирам добро, и рано е да се фокусирам на изборите. Имаме уште работа! Да ја направиме Америка, повторно да биде најдобра!“.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1140591670280564737

Новинските агенции во САД објавија дека Трамп бил информиран за протечените анкети од неговата кампања дека засега губи од Бајден во три клучни сојузни држави, кои може да бидат клучни за исходот на изборите во 2020-та.

Внатрешното истражување во неговата кампања во март покажало дека Трамп заостанува зад Бајден, кој е водечки кандидат меѓу 22-цата од Демократската партија, кои се натпреваруваат во трката за претседателска номинација, со предност од 16% во Пенсилванија, 10 % во Висконсин, седум во Флорида. Трамп победи во сите три држави во 2016-та против демократката Хилари Клинтон и веројатно ќе мора повторно да победи во истите сојузни држави за да освои втор четиригодишен мандат во Белата куќа.

За да ја отстрани можноста од ново протекување информации во јавноста, кампањата на Трамп отпушти тројца од пет испитаници кои работеле за нив.

И независните анкети покажаа дека американскиот претседател Трамп, хипотетички, заостанува зад главните кандидати од редовите на демократите на 17 месеци пред изборите во САД.

Неколку часа пред да биде инаугуриран во 2017-ма, Трамп ја објави кандидатурата за ре-избор. Официјално за трката 2020 ја стартува изборната кампања утревечер во Орландо, Флорида, каде се очекува да се обрати пред 20.000 поддржувачи, а многу повеќе Американци ќе го гледаат преку телевизиските екрани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG