Линкови за пристапност

Анкета: Претседателот Трамп добро се справува со економијата


Најнова анкета на Квинипег за политиката на претседателот

Најнова анкета на Универзитетот Квинипег покажува дека повеќето американски гласачи одобруваат како претседателот Трамп се справува со економијата.

53 проценти од испитаниците го одобруваат начинот на кој ја води економската политика, повеќе од било кое прашање во земјата. 42 отсто не се согласуваат со неговите економски политики.

Повеќе од половината од гласачите, или 54 %, не ја одобруваат севкупната политика на претседателот Трамп, споредено со 41 отсто кои што веруваат дека добро ја извршува функцијата.

За надворешната политика, 42 проценти од гласачите сметаат дека добро се справува со надворешно-политичките предизвици, но 53 отсто сметаат спротивно. Само 40 отсто од гласачите ја поддржуваат неговата имиграциона политика. И за расните прашања нема високи оценки. Само 35 отсто сметаат дека добро се справува, а дури 59 проценти негодуваат во начинот на решавање на расните предизвици.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG