Американскиот претседател Доналд Трамп го прослави елиминирањето на иранскиот генерал Солејмани на собир во Толидо, Охајо, истовремено ги исмејуваше демократите дека бараат претходно, информација за армиска операција. Пред присутните симпатизери во Охајо, рече дека „во дел од секунда донел одлука со кој би биле спасени американски животи“.
Трамп рече дека го наредил воздушниот напад во кој беше убиен Солејмани затоа што иранскиот командант планирал сериозни понатамошни напади врз американски амбасади.
Facebook Forum