Линкови за пристапност

76 проценти го одобруваат обраќањето на Трамп во Конгресот


President Donald Trump arrives on Capitol Hill in Washington, Feb. 28, 2017, for his address to a joint session of Congress.
President Donald Trump arrives on Capitol Hill in Washington, Feb. 28, 2017, for his address to a joint session of Congress.

Две нови истражувања покажуваат високи оценки за претседателот

Најнова анкета на Си-Би-Ес и Ју Гов покажа дека две третини од гледачите кои го следеле обраќањето на претседателот Трамп имаат позитивно мислење, а дури 82 проценти се изјасниле дека неговиот настап бил „претседателски“. За 66 отсто од гледачите, говорот бил обединувачки, а од нив, 36 % се декларирале како демократи.

Според анкетата на Си-Ен-Ен и ОРЦ, говорот на Трамп го доживеале како оптимистички - околу 70 проценти. Две-третини сметаат дека претседателот ги зацртал вистинските приоритети.

55 отсто имаат многу позитивна реакција на обраќањето, иако Си-Ен-Ен потсети дека поранешните претседатели Барак Обама (68 отсто), и Џорџ Буш (66 отсто) имале повисоки бројки по нивните први обраќања во Конгресот.

Околу 61 отсто од испитаниците се оптимисти за тоа што ќе стори претседателот Трамп по обраќањето од Конгресот, иако говорот не понуди конкретности за неговата политика.

Дури 70 отсто гледачи ги поддржуваат неговите планови за сузбивање на илегалната имиграција и на над три-четвртини се согласуваат со иницијативите за јакнење на економијата.

65% ги одобруваат плановите на претседателот Трамп за реформирање на Законот за здравствена заштита познат како Обамакеар.

XS
SM
MD
LG