Претседателот Трамп ги зголеми проекции колку граѓаните ќе починат од КОВИД-19, додека истовремено се заложи за дополнителна економска поддршка во време кога и натаму не исклучува понатамошно реотворање на државата.
„Ќе починат меѓу 75, 80 до 100.000 луѓе. Тоа е ужасно“, рече Трамп, синоќа за Фокс њуз.
Минатата недела, тој предвиде дека бројката на починати од коронавирусот во САД ќе биде меѓу 60.000 и 70.000 луѓе.
Сенатот денеска почнува со работа, а Трамп најави дека федералната влада може да ги удвои актуелните 3 трилиони долари итна помош. Засега, најголем дел од тие средства беа за поддршка за малите бизниси, обезбедување основни намирници во болниците, доставување на чек до даночните обврзници.
„На пат е дополнителна помош“, најави претседателот.
Лидерот на мнозинството Сенатот Мич Меконел рече дека ова законодавно тело се враќа на работа за да продолжи да презема мерки за ублажување на кризата од КОВИД-19, како и за итни прашања.
Меѓутоа, Претставничкиот дом, засега, не најави планови да се сретне во Вашингтон и побара од лекарите во Конгресот да споделат упатства и прописи, како законодавците безбедно да се вратат на работни места.
Меконел и спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси објавија заедничко соопштение со кое ја отфрлија понудата од администрацијата на Трамп за распоредување тестови за коронавирусот за вработените во Конгресот, истакнувајќи дека засега остануваат со досегашните протоколи за тестирање што ги имплементираат лекарите во највисокиот законодавен дом.
САД водат во светски рамки со 1,1 милион потврдени случаи и околу 68.000 починати.
Од утре, повеќе од 30 од 50 сојузни држави ќе ги релаксираат мерките за социјално дистанцирање и ќе воведат некоја форма на реотворање на економијата.
Тоа беше приоритет за претседателот Трамп откако уследи значително забавување на економската активност и милиони граѓани ги загубија работните места.
„Најважно е да го отстраниме вирусот“, рече Трамп во неделата на собир со граѓани. „Работиме заедно со гувернерите да го запреме ширењето на коронавирусот, но мора повторно да ја отвориме земјата“, оцени Трамп.
Ниту една сојузна држава засега не го исполни првичниот праг од Белата куќа за континуирано двонеделно намалување на бројката на случаи со коронавирусот, пред да им се овозможи на бизнисите реотворање или собирања на јавни места.
Претседателот Трамп изрази оптимизам дека верува оти вакцината ќе биде достапна до крајот на годината.
Facebook Forum