Демократските законодавци ќе ја преземат контролата врз Претставничкиот дом во јануари и се заложија дека ќе почнат темелна истрага за бизнис империјата и политиките што ги усвои за време на првите две години од мандатот.
Републиканците кој ја имаа контролата врз двата дома на Конгресот откако претседателот Трамп влезе во Белата куќа, претежно му даваат поддршка и избегнуваа да се одржуваат распити кои негативно би се одразиле врз него или врз официјални лица кои што ги именувал.
Освен неколку угледни демократски законодавци како Елиах Камингс и Адам Шифт, следната претседавачка со Претставничкиот дом од јануари, демократката Ненси Пелоси рече дека победата на демократите значи да ги запрат републиканците и актуелната администрација на Трамп да владеат неодговорно и да ги проверуваат и држат за одговорни при спроведувања на политичката агенда.
Facebook Forum