Линкови за пристапност

Tрамп најави нов имиграционен план: „Зелена карта“ за образован кадар


Претседателот очекува сериозни и коренити промени за време на неговата администрација кон имиграционото прашање

Доналд Трамп го објави долгоочекуваниот предлог за имиграциони реформи, што треба да исклучи семејна и хуманитарна имиграција.

Претседателот од Градината на Розите во Белата куќa објави план со кој неговата администрација ќе им дава предност на имигрантите со напредно образование и способности, истакнувајќи дека акцентот ќе биде на „конкурентноста“.

Предлогот на Трамп опфаќа издавање на околу 1.1 милион зелени карти за постојан престој годишно, но, ќе биде променет фокусот на нивно издавање, односно ќе им се дава приоритет на образовани поединци и оние што поседуваат вештини за вработување или инвестициски планови, отколку на оние што имаат семејни врски со американски државјани или поради хуманитарни причини.

Моментално, на 12 проценти од имигрантите им било дадено дозвола да дојдат во САД врз основа на нивните вештини, додека 66 отсто од нив се иселиле врз основа на семејни врски.

Согласно новиот план, 57 отсто од имиграционите визи ќе им бидат дадени на лица со вештини или понуди за работа, додека 33 отсто од нив ќе се издаваат поради семејни врски.

Бројот на визи кои се издаваат од хуманитарни причини ќе биде намален од 22 на 10 отсто.

Планот предвидува комплетно укинување на програмата, позната како „Лотарија за зелена карта“, според која, годишно доаѓаат во САД - 50.000 лица од држави со ниска стапка на имиграција.

Аналитичарите ја доведуваат во прашање економската оправданост на намалување на семејната имиграција.

Според нив, давање на предност на поединци со вештини ќе биде од корист на САД, но, оти тоа не треба да биде по цена да се скрати семејната имиграција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG