Линкови за пристапност

Претседателот со поддршка за барањето за зголемено учество во буџетот на НАТО


Сите членки се обврзале за зголемување на определеноста кон НАТО, според првиот човек на САД

Претседателот Трамп објави дека обезбедил заложба од членките на НАТО за зголемување на трошоците за одбраната, откако американскиот лидер се пожали дека Вашингтон презема премногу товар врз себе - за заедничката одбрана на Алијансата.

„Значително ја зголемија определбата и сега имаме среќен и моќен НАТО, им изјави Трамп на новинарите на самитот во Брисел. Тој конкретно не објави, која земја, на што се обврзала.

„Некои веќе одвојуваат 2 проценти, други се согласија да стасаат до истиот праг. Ден порано, Трамп сугерираше дека сојузниците на НАТО се определени да потрошат по 4% од нивните домашни буџети на одбрана до 2024.

„Јас верувам во НАТО“, изјави Трумп, но додаде дека САД не се фер третирани во речиси 70-годипната историја на Алијансата, и дека тоа не е фер кон даночните обврзници во САД, со оглед дека земјата учествува меѓу 70 и 90 процентно во финансирањето на операциите во НАТО.

Претседателот Трамп рече дека може да ги повлече САД од НАТО без конгресно одобрување, но нема “потреба од тоа“, по заложбата за зголемена определба од земјите членки.

„Сега има колегијален дух во НАТО и Алијансата работи како добро подмачкана машина“, изјави претседателот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG