Линкови за пристапност

Трамп вечерва на митинг во Северна Каролина; ги отфрли забелешките за “расистичките“ коментари


Трамп преку Твитер најави дека фокусот со неговите поддржувачи во универзитетскиот град Гринвил ќе биде за американската економија

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва во Северна Каролина ќе одржи митинг и вети дека ќе продолжи да говори за четирите „непријатни млади социјалистички конгресменки“, еден ден откако Претставничкиот дом го осуди за расистички оценки чија мета беа законодавките од малцинства.

Трамп преку Твитер најави дека фокусот со неговите поддржувачи во универзитетскиот град Гринвил ќе биде за американската економија „најдобра од било кога досега“ и за „луѓето кои што ја сакаат, но и за оние кои ја мразат нашата држава“.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1151473175496146945

Тој се осврна на растечките бројки во анкетите во првичната фаза од кампањата за реизбор, ѝ им се заблагодари на законодавките кои го обвинија за расистички коментари, велејќи дека „Америка никогаш нема да го купи вашето однесување“.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1151499379821428736

Четири републиканци им се приклучија на сите демократи во Претставничкиот дом за усвојување на резолуцијата со која се осудија „расистичките“ коментари на претседателот да се вратат во своите земји пред да ги напаѓаат САД, иако четирите законодавки во фокусот на медиумите се американски државјанки, три родени во САД, една натурализирана, и се од малцинските групи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG