Во време на сузбивање на ширењето на коронавирусот, американскиот претседател Доналд Трамп отвори вербална војна против клучната сојузна држава Мичиген околу планот за проширување на гласањето во отсуство на ноемвриските претседателски избори.
Државната секретарка од оваа сојузна држава Џоселин Бенсон најави дека гласачите ливчиња да се гласа во отсуство се испратени до сите 7,7 милиони регистрирани гласачи во Мичиген.
Според планот, гласачите во оваа сојузна држава ќе може да гласаат по пошта на претстојните примарни демократски и републикански избори во август, како и на националните избори на 3-ти ноември.
Трамп, кои и самиот гласаше на прелиминарните избори во Флорида на почетокот од годината, веднаш го отфрли планот на Мичиген.
https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1263074783673102337
Државната секретарка од Мичиген, Џозелин Бенсон, веднаш возврати дека нејзиниот потег не е невообичаен.
https://twitter.com/JocelynBenson/status/1263089382690631680
Трамп во Мичиген ја победи Хилари Клинтон за 10.000 гласови во 2016-та, а на гласањето во ноември, се очекува жестока битка за секој глас, против најверојатниот противкандидат, поранешниот потпретседател Џо Бајден.