Линкови за пристапност

Една година од мандатот – какво е влијанието на Трамп врз медиумите


Разни светски лидери го користат терминот „лажни вести“ како оправдување на згаснување на слободата на печатот

Со највисокиот број уапсени новинари на сите времиња, различни групи за заштита на слободата на печатот, прават споредба меѓу вербалните напади на претседателот Трамп врз некои од најугледните новински институции, и прифаќањето на терминот „лажни вести“ од страна на автократи и диктатори од целиот свет.

„Сведоци сме на напади без преседан и врз институцијата новинарство, медиумите, како лични напади врз новинари и медиумски куќи“, вели Кортни Раш, од Комисијата за заштита на новинари. „Тоа создава клима во која новинарите не се толку безбедни“.

Истражувањето на оваа Комисија во 2017-ма покажа дека 262-ца новинари во светот се зад решетки, малку повисока бројка од лани. Повеќе од половината се наоѓаат во затвори во Турција, Кина и Египет.

Терминот „лажни вести“ се користи на Филипините, во Русија, Кина, Египет, за да се оправда репресијата врз медиумите во обид да се делегитимизираат новинарите, вели Раш за Гласот на Америка.

Египетскиот аналитичар Хишам Хејлер, од Атланскиот совет во Вашингтон, вели дека последиците од обвинувањата под плаштот „лажни вести“ од страна на претседателот Трамп се сериозни и не треба да се потценат.

„Кога Трамп ја користи личната слобода на изразување за поткопување на капацитетот на медиумите да известуваат за факти, и честопати форсира свои „лажни вести“, тогаш тоа ги охрабрува и другите да го сторат истото“, коментира Хејлер.

Трамп досега го има користено терминот „лажни вести“ на стотици постирања на Твитер, јавни говори, излагања, истакнувајќи медиуми како Си-Ен-Ен, Вашингтон Пост, Њујорк тајмс, честопати алудирајќи кон нив, со специјален критички тон.

Еднаш, го окарактеризира Си-Ен-Ен, како „непријател на нацијата“. Еве некои од твитер - пораките на првиот човек на САД.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/940223974985871360

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/939967625362276354

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/939485131693322240

Тактиката на претседателот ја подгреа поларизирана национална дебата, за која приврзаниците на Трамп ја оценуваат како постојано медиумско фаворизирање, а критичарите директно мешање во известувањето.

Истражувањата на медиумското покривање на претседателот Трамп е дека е претежно негативно. Анализата од непрофитниот Истражувачки центар Пју, покажа дека во првите пет месеци од претседателството на Трамп, известувањето во медиумите било 62 отсто негативно, а само 5 проценти позитивно.

Покривањето во медиумите за истиот период на претседателството на Обама, било 42 отсто позитивно и 20 отсто негативно, исто така според Пју. Раководителот на проектот предупреди дека ваквата анализа не е доказ за необјективноста во медиумите.

Некои од најголемите диктатори кои важат за лидери во погазување на слободата на медиумите, ги користат фразите на претседателот Трамп за „лажни вести“, со цел да ја оправдаат рестрикцијата на медиумското известување.

На пример, сирискиот претседател Башар ал-Асад, прашан за извештајот на Амнести интернешенал за систематските убивања во сириски затвори возврати – „живееме во ера на лажни вести. Тоа го знаат сите“.

И претседателот на Венецуела Николас Мадуро, се пожали дека меѓународните медиуми шират лаги за него и коментираше: „Затоа ги нарекуваме лажни вести“.

Претседателот Трамп се осврна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како пријател, и покрај рејтингот на неговата земја како лидер во притворање новинари во светот.

Во меѓувреме, тајландскиот и малезискиот премиер го покрена прашањето за „лажни вести“ во нивните земји. Бројката на светски лидери кои од разни побуди, ја прифаќаат ваквата терминологија во светот, од ден на ден, се зголемува.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG