Американскиот претседател Доналд Трамп на 3-ти јуни е во прва државна посета на Кралицата Елизабета и ќе учествува на спомен-настани, поврзани со 75-годишната од Денот Д.
Ова е втора посета на Трамп во Британија откако е претседател. Првата, беше минатиот јули.
Државната посета е проследена со поголема помпа и гламур и домаќинот ги плаќа трошоците. Поканата за државна посета му беше упатена на Трамп откако победи за претседател, но беше одложена поради бројни причини, вклучувајќи и безбедноста.
„Има голема контроверза, која е поврзана со државната посета на Доналд Трамп“, вели Чарлс Купчан, аналитичар од Советот за надворешни односи. Но - „Најважно е што се случува, иако беше и откажана“.
Трамп ќе учествува чествувањето на 75-та годишнина од Инвазијата на Денот Д, кога 150.000 сојузнички војници ги принудија германските нацистички сили да се повлечат кон Франција.
Тој ќе присуствува на меморијалните настани во Портстаунт, Британија, и во Нормандија, Франција, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон.
Претседателот на САД ќе присуствува на државен банкет во Бакингемската палата со членови од Кралското семејство.
На Агендата на Трамп во Лондон е и средба со британската премиерка Тереза Меј, која се повлекува на 7-ми јуни од функцијата поради неуспехот да постигне прифатлив договор за излез на Британија од ЕУ.
Пред да замине од Вашингтон, Трамп најави дека ќе се сретне со Најџел Фараџ и Борис Џонсон, обајцата про-Брегзит политичари кои што може да ја заменат Меј на Даунинг стрит, број 10.
Facebook Forum