Раперот Канје Вест се среќава со претседателот Трамп во Белата куќа.
Портпаролката Сара Сандерс потврди дека Вест се среќава и со зетот и советникот на Трамп Џеред Кушнер. „Темите на дискусија ќе го вклучат и подемот на производството во Америка, затворските реформи, како да се спречи насилството меѓу бандите, но и` што да се стори за намалување на насилството во Чикаго“, се вели во соопштението на Сандерс.
Подеднакво контроверзната и влијателна фигура, Вест, стана една од најголемите поддржувачи на Трамп меѓу познатите ѕвезди по неговиот избор во 2016-та, и го посети во Кулата Трамп, постираше фотографии со него на социјалните медиуми, носејќи капа, „Да ја направиме Америка повторно најдобра“.
Вест доживува негативни изблици на негодување на неговите концерти поради поддршката на Трамп, како што беше неодамна како музички гостин на телевизиската програма Saturday Night Live.
Трамп се осврна на стапката на убиства во Чикаго, родниот град на Канје Вест. „Стапката на криминал достигнува несогледливи размери. Нема причина тоа да продолжи“, рече претседателот.
Градоначалникот на Чикаго, Рам Емануел, возврати дека „севкупно насилството од оружјето бележи пад за 20 проценти во 2017-та и тој тренд продолжува да има надолна линија во првите месеци од 2018-та“.
Коментарите на Трамп доаѓаат во време на расна напнатост во Чикаго. Минатата недела, судска порота го осуди белиот полицаец Џејсон Ван Дајк за убиството на 17 годишниот Афроамериканец, Лакван Мекдоналд.
Facebook Forum