Линкови за пристапност

Трамп: Иранското повлекување е добро и за нив и за светот


Најави нови економски санкции за властите во Техеран

„Иран се повлекува“, изјави претседателот Трамп во обраќањето до нацијата откако синоќа во напади со балистички проектили беше стрелано врз две ирачки бази, каде се стационирани американски војници.

„Ниту еден американски или ирачки живот е загубен поради преземените мерки на претпазливост, но и поради системот за рано предупредување пред нападите“, објасни Трамп и додаде дека е причинета помала материјална штета.

Во обраќањето до нацијата од Белата куќа, претседателот Трамп сигнализираше дека нема да биде презема воена акција како одговор на нападите, но наместо тоа, ќе воведе жестоки економски санкции против Иран за понатамошно отежнување на неговата економија.

Трамп упати повик до другите потписници на нуклеарната спогодба со Иран, како Велика Британија, Германија, Франција, Кина и Русија да ја воочат новата реалност и да се повлечат од меѓународниот договор.

Тој се заложи дека додека е претседател, никогаш нема да дозволи Иран да стаса до нуклеарно оружје.

Претседателот на САД упати зборови на помирување до иранскиот народ.

„Сакаме да имате иднина каква што заслужувате, просперитет дома и хармонија со другите нации во светот“, рече Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG