Линкови за пристапност

Сенаторот Ламар Александер - клучен во гласањето во Сенатот за нови сведоци


Четворица сенатори треба да им се приклучат на 47 демократи и независните во Сенатот на гласањето дали ќе им се овозможи на сведоци да сведочат

Американски сенатор вели дека нема потреба да се повикаат сведоци за импичментот против претседателот Трамп, затоа што демократите веќе го презентирале својот случај против претседателот и престапот не води кон отповикување од функцијата, туку „не е соодветен“.

Сенаторот Ламар Александер во соопштение објави дека „нема потреба од нови докази и да се докажува нешто што не е престап за импичмент, согласно Уставот“. Александер додаде дека Уставот не му овозможува на Сенатот да отстрани претседател од функцијата и да му забрани да биде на гласачкото ливче за изборите, само ако неговите потези се непримерни.

Четворица сенатори треба да им се приклучат на 47 демократи и независните во Сенатот на гласањето дали ќе им се овозможи на сведоци да сведочат.

Но, во случај дали да се овозможи нови сведоци да сведочат и гласањето заврши со 50-50, тогаш, главниот судија во Врховниот суд, Џон Робертс, кој претседава со процесот, може да го одлучи исходот.

Процесот за импичмент може да заврши уште денеска, и се очекува претседателот Трамп да биде ослободен од обвинувањата за злоупотреба на моќта и опструкција на Конгресот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG