Линкови за пристапност

Адвокатите на Трамп ја завршуваат презентацијата на аргументите во процесот за импичмент во Сенатот


Кенет Стар, член на тимот на одбраната на претседателот, го нарече импичментот политичко оружје кое го користат партиите меѓу себе и оти демократите во Претставничкиот дом гласале за импичмент на Трамп без меѓупартиска поддршка.

Адвокатите на претседателот Доналд Трамп ја завршуваат презентацијата на аргументите во процесот за импичмент во Сенатот, додека и натаму е неизвесно дали ќе биде дозволено повикување сведоци.

Одбраната на претседателот Трамп го мина денот во обвинување на Демократите за злоупотреба на импичментот како алатка за неговото отстранување од функцијата само затоа што не им се допаѓа.

Кенет Стар, член на тимот на одбраната на претседателот, го нарече импичментот политичко оружје кое го користат партиите меѓу себе и оти демократите во Претставничкиот дом гласале за импичмент на Трамп без меѓупартиска поддршка. Стар го опиша импичментот како „пекол“.

Стар беше дел од независниот совет чија истрага водеше до импичментот во 1998-ма на претседателот Бил Клинтон за лажење на Големата порота за секс скандал.

Претходно, Демократите му направија импичмент на Трамп во Претставничкиот дом врз две обвиненија – за злоупотреба на моќта и опструкција на Конгресот.

Во Сенатот има 100 сенатори, а мнозинство имаат републиканците.

Најмалку две-третини треба да се изјаснат дека е виновен за да биде отповикан од функцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG