Линкови за пристапност

Дијаметрално спротивни гледишта по партиска линија за импичментот на Трамп


Двајцата официјални претставници на Стеjт департментот за Украина Влијам Тејлор и Џорџ Кент, беа први на јавниот распит.

Сослушувањата за евентуален импичмент на претседателот на САД почнаа синоќа во Вашингтон, но клучни законодавци понудија спротивставени гледишта дали Трамп ја злоупотребил функцијата за да стекне политички поени.

Конгресменот Адам Шиф, лидер на демократските обиди за отповикување на претседателот од функцијата, го обвини Трамп дека извршил притисок врз Украина да отвори истрага врз еден од најголемите конкуренти на изборите 2020, поранешниот потпретседател Џо Бајден, пред да може да одобри 391 милион долари армиска помош која на Киев му е потреба во битката со про-руските сепаратисти во источниот дел од земјата.

Но, големиот поддржувач на Трамп, републиканскиот конгресмен Девин Нунес го нарече распитот, „телевиски театарски перформанс“. Тој побара објавување на листите од официјални лица кои сведочеле против Трамп зад затворени врати.

Двајцата официјални претставници на Стејт департментот за Украина Влијам Тејлор и Џорџ Кент, беа први на јавниот распит. Изјавија дека Трамп направил „нерегуларен канал“ да се справи со Украина.

Првите јавни сослушувања во истрагата за импичмент на Трамп почнаа вчера, а за в петок е закажано сведочење на Мари Јованович, поранешната амбасадорка на САД во Украина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG