Линкови за пристапност

Претставничкиот дом гласаше и ги испрати обвиненијата за импичмент во Сенатот


House Speaker Nancy Pelosi of Calif., speaks during a news conference to announce impeachment managers on Capitol Hill in Washington, Jan. 15, 2020.
House Speaker Nancy Pelosi of Calif., speaks during a news conference to announce impeachment managers on Capitol Hill in Washington, Jan. 15, 2020.

„Американските граѓани ја заслужуваат вистината, и Уставот бара сослушување“, соопшти Пелоси.

Спикерката Ненси Пелоси назначи седум членови од Претставничкиот дом кои ќе го водат случајот против претседателот Трамп на распитот во Сенатот кој се очекува да почне следната недела.

Пелоси назначи разновидна група на законодавци во кои се вклучени претседавачот со конгресната комисија за разузнавање Адам Шифт и претседавачот со конгресната комисија за праводудство Џери Надлер.

Останати членови се Силвија Гарсија, Хаким Џефрис, Зои Лофгрен, Џејсон Криу и Вал Демингс.

Пелоси претходно на приватен состанок разговараше со демократите за процедурата за импичмент, речиси еден месец откако Претставничкиот дом изгласа Трамп да биде отстранет од функцијата по две основи - злоупотреба на моќта и опструкција на Конгресот.

„Американскиот народ целосно ќе го разбере потегот на Сенатот да почне сослушување без сведоци и документи како чисто политичко прикривање“, се вели во соопштението, во кое се нагласува дека лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел, како и претседателот се плашат од излегување на фактите на виделина.

„Американските граѓани ја заслужуваат вистината, и Уставот бара сослушување“, соопшти Пелоси.

Денешното гласање отвори пат Сенатот да го почне сослушувањето најрано оваа недела, иако првите сослушувања најверојатно ќе почнат на почеток на следната недела, додека Сенатот да ги заврши формалните процедури.

Во Сенатот, републиканците имаат мнозинство 53 – 47. За импичмент на претседателот Трамп е потребно дво-третинско мнозинство. Најмалку 20 републиканци треба да гласаат на иста линија со демократите и мали се шансите Трамп да биде отповикан од функцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG