Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со клучните законодавци во креирање на имиграционата политика, но засега нема договор како да се заштитат стотици илјада млади имигранти да бидат депортирани.
Имиграционите разговори во Белата куќа се случуваат во време кога претседателот Трамп и Конгресот се соочуваат до рок до 19-ти јануари да постигнат договор за владиното трошење до крајот на септември, откако беа принудени три пати да се усогласат, само за привремени буџетски мерки зашто не успеаја да најдат заеднички јазик за долготрајно решение.
Трамп лани ја прекина програмата од неговиот претходник Обама наречена ДАКА за заштита на 690.000 или повеќето млади имигранти коишто илегално биле внесени во САД од нивните родители. Трамп, сепак, го продолжи рокот до 5-ти март да стасаат до решение.
Претседателот на САД иако ја поништи програмата ДАКА, сепак, изрази симпатија за младите имигранти, при што за многу од нив единствен дом се САД. Но, во замена, бара бројни имиграциони мерки, вклучувајќи и зголемени безбедносни мерки кои треба да ја одвратат илегалната имиграција долж јужната граница со Мексико и со изградбата на пограничниот Ѕид, чија изградба ја најави за време на претседателската кампања во 2016-та, а чие финансирање најави дека ќе биде од мексиканските власти.
Сега, Трамп бара 18 милијарди долари од даночните обврзници во САД за финансирање на Ѕидот, предлог на кој се противат сите демократи и некои републиканци.
Главната демократка во Претставничкиот дом Ненси Пелоси изрази надеж дека ќе биде постигнат договор за младите демократи, зашто ниту демократите ниту републиканците не сакаат делумно владино затворање, на крајот од неделата.
Таа рече дека преговорите ќе бидат фокусирани на имиграционите компромиси што Трамп ќе треба да ги направи, зашто републиканците ќе гласаат зад секакви предлози на Трамп.
Влијателниот сенатски републиканец од Тексас Џон Корнин рече: „сакам да најдеме решение“.
Facebook Forum