Линкови за пристапност

Трамп „тежи“ 3, 7 милијарди долари


Иако лани загубил 800 милиони долари

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп можеби не сака да ги издаде повратокот на данок, но популарниот магазин за бизнис објави колкаво е богатството на могулот за недвижнини.

Магазинот Форбс објави дека неприкосновениот шоумен за реалити шоуа моментално има 3,7 милијарди долари. Тоа е 800 милиони долари помалку од лани, при што весникот објави дека за време на следењето на заработувачката на Трамп изминатите 34 години, неговото богатство имало циклуси на подеми и падови.

Истиот извор наведува дека главна причина зошто загубил толку пари лани, е падот на цените на пазарот за недвижнини во Њујорк, особено во делот на изнајмување канцелариски простор и магацини.

Форбс ја анализирал вредноста на цената на пазарот на недвижнини на негови објекти, кои се препознатливи во САД. На пример, на 18 од нив, загубиле од вредноста, а една од нив е познатата Кула Трамп во Њујорк. Седум висококатници ја зголемиле вредноста, една од нив е вториот највисока зграда во Сан Франциско на улицата Калифорнија број 555.

Доналд Трамп за кампањата во претседателската трка наводно вложил свои 7 милијарди долари, и земал заем од банки уште 48 милиони долари. Магазинот пишува дека не верува оти Трамп ќе ги врати парите.

XS
SM
MD
LG