Линкови за пристапност

Белата куќа потврди дека Трамп имал редовна здравствена контрола


Доктор Конли најави дека претседателот Трамп, ќе има уште подетални медицински истражувања по Новата година.

Белата куќа објави нови информации за што ги карактеризираше, од рутинска природа, неочекуваната посета на армиската болница во Вашингтон од претседателот Трамп во саботата, што предизвика сомневања за неговата здравствена состојба. Друг личен лекар на претседателот, армискиот адмирал Шон Конли, издаде соопштение во кое се вели дека претседателот бил подложен на едночасовно испитување, но немал конкретни кардиолошки и невролошки истражувања.

Тој ја опиша посетата на Трамп во националниот армиски медицински центар Волтер Рид како планирана здравствена проверка, што се врши секоја година.

Доктор Конли најави дека претседателот Трамп, ќе има уште подетални медицински истражувања по Новата година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG