Главниот лекар на Белата куќа потврди дека 71 годишниот Доналд Трамп е „фит да ја извршува функцијата“. Иако претседателот има 108 килограми и е висок 190 сантиметри, е трет претседател во американската историја, според вишокот на килограми. Пред него, поголема телесна тежина имале само Вилијам Хауард Тафт и Гровер Кливленд. „Севкупно, здравствената слика на претседателот на САД - е одлична“, изјави доктор Рони Џексон. Сите испитувања покажаа дека претседателот е здрав и таков здравствен билтен би требало да го следи за време на претседателствувањето. Еве го целосниот извештај за здравствена слика на претседателот Трамп –
Лекарот Џексон од американската морнарица кој бил одговорен за прегледот и на претходниот претседател Обама, психичката состојба на актуелниот претседателот Трамп ја опиша како извонредна, со што има „30 од 30 одговори и прашања“ и нема когнитивни заболувања.
Џексон потврди дека претседателот Трамп спие по „4 до 5 часа“. Неговото срце е здраво и добро го регулира „нивото на холестерол“.
Претседателот би сакал да загуби 5 до 7 килограми, според неговиот лекар. Тој потврди дека разговарал со првата дама Меланија Трамп и неговата ќерка Иванка да го охрабрат претседателот да го смени начинот на исхраната и да не јаде брза храна како хамбургери и пржено пилешко, иако лекарот потенцираше дека „некои луѓе имаат добри гени“.
Facebook Forum