Независен панел за надгледување на Фејсбук се произнесе дека гигантот за социјалните медиуми има право да му забрани на поранешниот претседател Доналд Трамп да постира на неговите профили на Фејсбук и Инстаграм.
Бордот го сочинуваат повеќе од 20 правници, експерти за човекови права и новинари. Панелот од пет членови ја подготвуваат одлуката, која мора да биде усвоена од мнозинството на Бордот, а потоа ќе се побара од Фејсбук да ја имплементира, доколку мерката не го крши законот.
Забраната кон поранешниот претседател Трамп да постира на неговите профили на социјалните медиуми датира од 6-ти јануари од насилниот упад на неговите приврзаници и поддржувачи во Конгресот, во време кога законодавците требаше да ги верификуваат резултатите од изборите во ноември.
Тој постираше неколку коментари за време на насилниот упад при што ги продолжи лажните тврдења дека изборите му се „украдени“. Фејсбук отстрани два негови поста, и првично, му забрани да постира 24 часа.
Facebook Forum