Линкови за пристапност

Набавката на руски противодбранен систем – тема на разговорите Трамп - Ердоган


Двајцата претседатели, ги опишаа разговорите во Белата куќа како „продуктивни и срдечни“.

Нема индикации за пробив во подобрување на односите по синоќешната средба на лидерите на Турција и САД во Вашингтон.

Двајцата претседатели, Доналд Трамп и Таип Реџеп Ердоган, ги опишаа разговорите во Белата куќа како „продуктивни и срдечни“.

Турското барање за купување софистицирано руско оружје, како против-воздушниот систем С-400, создава многу сериозни предизвици за нас, рече претседателот Трамп на заедничката прес-конференција со гостинот од Турција.

Турскиот лидер сугерираше дека неговата земја може да го нарача американскиот систем за против-воздушна одбрана Патриот, ако цената е подобра од Русите.

Ердоган неодамна дискутираше со рускиот претседател Путин за купување борбени авиони од типот Су-57 и Су-35, ако не успее да обезбеди подобра зделка со САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG