Линкови за пристапност

Каков ќе биде ефектот од победата на Трамп на претстојните избори во Европа?


Европа на крстопат - дали победата на Трамп поттикнува замав на популистичките партии
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:32 0:00

Европа на крстопат - дали победата на Трамп поттикнува замав на популистичките партии

Следната недела, Холандија – прв тест

Европа е на крстопат и е исправена пред три клучни избори - следната недела во Холандија, следниот месец Франција, на крајот од летото - Германија. Кои трендови и приоритети ги движат европските гласачи и каков е ефектот врз нив од победата на претседателот Трамп во САД.

Низ Европа, десно-ориентираните популистички партии забележуваат значителна поддршка во јавноста. Анкетите се во нивна корист. Предводени од харизматични лидери, како што е Холанѓанецот Герт Вилдерс, го експлоатираат стравот од муслиманската имиграција и фрустрацијата од политичкиот естаблишмент.

ЕУ е на крстопат.

Стивен Зебо, извршен директор на Трансатлантската академија во Вашингтон, коментира дека е неблагодарно да се прогнозира каде ќе се движи Европа:

„Една од можностите е бранот на популизам да земе замав поради Брегзит и победата на Трамп, или обратна реакција дека тоа не е правецот во кој сакаат да одат. Ова е мошне отворено прашање, особено на изборите во Холандија и во Франција“, истакна Зебо.

Гус Вок, дописник од Вашингтон за холандскиот весник Ханделсблад, за разочараноста и гневот на гласачите во Холандија спроти изборите следната седмица, но и каков домино-ефект гласањето може да има врз изборите во соседите Франција и Германија, локомотивите на ЕУ - коментира:

„Има неколку причини. Првата е замавот од анти-естаблишментот, против елитизмот во Европа. Граѓаните сметаат дека ја губат државата, па влијае и кризата со имигрантите, економската рецесија, но и растечката недовербата спрема политичкиот естаблишмент, генерално“, заклучи новинарот Вок.

Едвард Џозеф, извршен директор на Институтот за светски прашања, издвојува неколку клучни фактори кои може да го определат однесувањето на гласачи на претстојните избори во Европа.

„Политиката на Ангела Меркел кон бегалците е великодушна. Тоа создаде страв меѓу европските гласачи. Втор проблем е глобализацијата и континуираната економска криза и стагнација во последната деценија. Тоа создаде клима во Европа со која се доведува во прашање постоењето на ЕУ“, коментира Џозеф.

Аналитичарите се согласни дека изборите во Холандија следната недела, ќе бидат предвесник каде ќе се движи ЕУ, со оглед на неколку клучни изборни циклуси до крајот на годината и растечкиот популизам во Унијата.

XS
SM
MD
LG