Линкови за пристапност

Претставничкиот дом гласа за резолуција за осуда на „расистичките коментари“ на претседателот


Лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом Стени Хојер го најави гласање и изрази надеж дека Републиканците ќе ја стават „државата пред партијата“ и ќе гласаат за актот, заедно со Демократите.

Претставничкиот дом каде мнозинство имаат Демократите денеска треба да гласа за резолуција со која се „осудуваат расистичките коментари на претседателот Трамп кон членови на Конгресот“, како одговор на серија твитови во кои нападна четири конгресменки на малцинствата.

Лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом Стени Хојер го најави гласање и изрази надеж дека Републиканците ќе ја стават „државата пред партијата“ и ќе гласаат за актот, заедно со Демократите.

Во текстот од резолуцијата „најостро се осудуваат расистичките коментари на претседателот Трамп што го легитимизираа и зголемија стравот и омразата врз новите Американците кои се имигранти и оти треба да се вратат „назад дома“ во други држави, алудирајќи дека за членовите од Конгресот кои се имигранти не им е местото во највисокиот законодавен дом.

Мета на вербалниот напад беа конгресменките Илхан Омар, Александриа Окасио - Ортез, Ајана Пресли и Рахида Тлаиб.

Тие имаа заеднички настап пред новинарите вчера и манифестираа заедништво против последниот вербален напад преку социјалните медиуми од претседателот Трамп.

“Тој лансира отворен расистички напад врз четворица легитимно избрани претставници на Претставничкиот дом на САД, сите од нив, жени на малцинствата, изјави Омар, која е родена во Сомалија и е демократ од Минесота, и натурализирана Американка. „Ова е агенда на белите националисти“.

Окасио-Кортез е родена во Њујорк, Пресли е од Синсинати, Охајо, а Тлаиб е од Детроит, Мичиген.

Претседателот за законодавките, рече: „Ако не се среќни овде, може да заминат“, и додаде дека „овие луѓе ја мразат нашата држава“.

Запрашан дали неговите коментари се расистички, Трамп одговори негативно.

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси е меѓу оние коишто ги окарактеризира коментарите на претседателот како “одвратни напади“.

Повеќето од законодавците од партијата на Трамп молчат за контроверзата. Но, републиканските законодавци, Лиза Мурковски од Алајска, Сузан Колинс од Мејн, Пет Томеј од Пенсилванија и Мит Ромни од Јута – ги критикуваа оценките на Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG