Линкови за пристапност

Адвокатите на Трамп ќе ја презентираат одбраната во еден ден


Адвокатите на Трамп ќе ја презентираат одбраната денес без сведочење од поранешниот претседател, кој одби да присуствува на судењето.

Адвокатите од поранешниот претседател Доналд Трамп велат дека ќе им треба само еден ден да ги презентираат аргументите во случајот против нивниот клиент, против кога се одвива судски процес за импичмент во американскиот Сенат.

Адвокатите на Трамп ќе ја презентираат одбраната денес без сведочење од поранешниот претседател, кој одби да присуствува на судењето.


Презентирањето на аргументите на одбрана доаѓа по двoдневната презентација од демократите од Претставничкиот дом кои што ја поврзаа реториката од поранешниот претседател Трамп со насилниот упад во Конгресот на 6-ти јануари од страна на неговите поддржувачи.

Адвокатскиот тим на поранешниот претседател Трамп на пат кон Сенатот
Адвокатскиот тим на поранешниот претседател Трамп на пат кон Сенатот

Во неочекуван развој на настаните, тројца републикански сенатори, Линзи Греам од Јужна Каролина, Тед Круз од Тексас и Мајк Ли од Јута, коишто се судии во процесот, се сретнаа со адвокатите на Трамп.

Си-Ен-Ен објави дека Дејвид Шоен, еден од адвокатите на Трамп, изјави дека законодавците сакале да осигурат дека одбранбениот тим на Трамп е „запознат со процедурата“, пред да продолжи процесот во петок.

Трамп, како што јавија медиумите, бил разочаран со презентацијата на неговите адвокати Шоен и Брус Кастор, кој што беа најмени откако првиот адвокатски тим на поранешниот претседател поднесе оставка, пред да почне судењето.

XS
SM
MD
LG