Линкови за пристапност

Трамп од Давос ги истакна трговските договори што ја прават Америка уште подобра


Обраќањето во Давос уследи неколку часа по почетокот на процесот за импичмент во Сенатот.

Американскиот претседател Доналд Трамп се осврна на два големи трговски договори и објави дека „Американците победуваат како никогаш досега“ во говорот на отворањето на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Обраќањето во Давос уследи неколку часа по почетокот на процесот за импичмент во Сенатот.

Трамп се осврна на долга листа победи за средната класа Американци и компании, вклучувајќи ја и прва фаза од трговскиот Договор со Кина и сенатското одобрување на новиот трговски договор со Канада и Мекиско.

Тој ги повика и другите држави да го следат неговото водство и да ги ослободат граѓаните од „прекумерната бирократија“.

Трамп се заложи за фокусирање на економскиот растеж.

Запрашан за активистката за животна средина Грета Турнберг, која требаше да ја отвори дебатата за избегнување на „климатската апокалипса“, кусо време по говорот на Трамп, американскиот лидер се нарече себеси, човек со голема верба во животната средина, и оти сака чист воздух и вода.

Трамп ја исмеваше шведската тинејџерка откако магазинот „Тајм“ ја прогласи за личност на годината за 2019-та.

Пред отворањето на конференцијата, стотици еко- активисти се упатија кон Давос, некои од нив носејќи костими на коали за да ги истакнат разорните пожари во Австралија и да ги повикаат светските лидери да преземат поагресивна акција во однос на климатските промени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG