Линкови за пристапност

Трамп спротивно од разузнавачите: Ковид-19 потекнува од кинеска лабораторија


Официјални лица од американската разузнавачка агенција претходно во четвртокот отфрлија вакво сценарио.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има „висок степен на убеденост“ дека пандемијата со коронавирусот потекнува од кинеска лабораторија, што е спротивно на претходно објавеното ретко соопштение од разузнавачката агенција во САД.

Додека повеќето научници се согласни дека вирусот потекнува од Вухан, Кина, од каде владеат бесконечни шпекулации како се пренел вирусот од животно на човек, но и многу конспиративни теории дека КОВИД-19, намерно е создаден.

Официјални лица од американската разузнавачка агенција претходно во четвртокот отфрлија вакво сценарио.

Разузнавачката заедница „се согласува со широко прифатениот научен консензус дека вирусот КОВИД-19 не е направен од човек или е генетски модифициран“, објави Канцеларијата на Директорот за национално разузнавање.

Запрашан дали видел докази од американските разузнавачи дека Ковид-19 потекнува од Институтот за вирологија во Вухан, претседателот Трамп реплицираше потврдно: „Да“, иако одби да даде повеќе детали.

Во соопштението од разузнавачката заедница и натаму е отворена вратата за можноста пандемијата, која потекнува од Кина, сепак, да има врски со кинеските научници.


Институтот за вирологија во Вухан, кој е поддржан од кинеската влада, неколкупати ги отфрли обвинувањата дека е извор на првичната пандемија КОВИД-19.

Многу експерти велат дека вирусот најверојатно е пренесен од животно врз човек од соседниот отворен пазар за егзотични и диви животни во градот Вухан.

Претседателот Трамп, неколкупати изрази сомневања за негирањето на Пекинг, и ги обвини и Кина и Светската здравствена организација дека не се доволно транспарентни со остатокот од светот за тоа, како и кога почнала пандемијата.

„Кружат многу теории“, рече Трамп во четвртокот и истакна дека кинески официјални лица треба да престанат да држат во тајност клучни детали.

И државниот секретар Мајк Помпео исто така изрази скептицизам во подготвеноста на Кина да излезе со важни информации.

За време на интервју за локално радио во Ајова, тој рече дека и натаму има нејасност за потеклото на вирусот.

Пред две недели, американски официјален претставник од разузнавачката заедница за Гласот на Америка потврди дека додека сите агенции „активно и темелно го следат секој дел од информациите“, засега, разузнавачите, „немаат колективна согласност за било која теорија“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG