Линкови за пристапност

Трамп со извршна одлука ќе го додаде прашањето за државјанството во пописот


FILE PHOTO: Balloons decorate an event for community activists and local government leaders to mark the one-year-out launch of the 2020 Census efforts in Boston
FILE PHOTO: Balloons decorate an event for community activists and local government leaders to mark the one-year-out launch of the 2020 Census efforts in Boston

Демократите жестоко реагираат

Претседателот Трамп се очекува со извршна одлука да го додаде контроверзното прашање за државјанството во пописот што се спроведува еднаш во деценија, и ќе се реализира следната година – 2020.

Трамп ќе одржи прес-конференција од градината Роуз во Белата куќа за цензусот и државјанството при што се очекува да го објави егзекутивниот акт.

Пред две недели Врховниот суд ја блокираше намерата на Трамп да додаде прашање на пописот за прв пат во 70 годишната пракса, со 5 „ЗА“ наспроти 4 „Против“, и дека аргументот на неговата администрација за заштита на правата на гласање – изгледа, „префорсирано“.

Одлуката на Врховниот суд наведува дека официјални лица од Трамп можеле да понудат други причини за додавање на прашањето, а претседателот неколкупати најави дека разгледува можност со извршна наредба да го вметне прашањето.

Било каква унилатерална извршна одлука на Трамп да го додаде прашањето за државјанството во пописот, веројатно ќе поттикне нов правен предизвик, затоа што Уставот му овозможува на Конгресот, а не на претседателот, правото да го спроведува и надгледува деценискиот попис.

Но, ново истражување на „Харвард-Харис“, минатиот месец покажа дека Трамп и да ја загуби судската битка за додавање на прашањето за државјанството во пописот, има огромна политичка поддршка во нацијата за преземање извршна мерка. Истражувањето врз регистрираните гласачи покажа дека поддршката да се додаде прашањето на пописот е - 2:1.

Пребројувањето на повеќе од 327 милиони луѓе во САД ќе почне следниот април и засега во испечатениот прашалник го нема прашањето за државјанството. За САД, пописот е мошне важно прашање со оглед дека дистрибуцијата на милијарди долари федерална помош зависи од тоа, кој, колку места има во 435-члениот Претставнички дом од сите сојузни држави.

Но, опозиционите демократи и емигрантските групи го нападнаа обидот на Трамп да го додаде прашањето.

Демографите, вклучувајќи го и Бирото за попис, стравуваат дека имигрантите коишто немаат државјанство во САД нема да го пополнат прашалникот поради страв дека може да бидат идентификувани дека се наоѓаат во Америка без валидни документи за престој, и може да се соочат со депортирање.

Демократите предупредуваат дека ако имигрантите не учествуваат во пописот, тогаш федералната помош може да биде ре-дистрибуирана од градовите каде мнозинство се малцински групи, во метрополи каде честопати живеат белци - Републиканци.

Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси истакна дека пописот со прашањето за државјанството има цел наместо „Да ја направиме Америка повторно, најдобра“, „Да ја направиме Америка повторно бела“, алудирајќи на слоганот од кампањата на претседателот Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG