Линкови за пристапност

Трамп ја предупреди Кина против одложување на трговската спогодба


Трамп рече дека и ЕУ ги третира САД нефер, согласно актуелната трговска спогодба и тоа наскоро ќе се смени.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Кина за одложување на постигнување нов трговски договор со надеж дека ќе биде поразен на изборите 2020-та, истакнувајќи дека ако победи ќе биде многу поцврст во диктирање на условите во новиот трговски договор.

Трамп кој се наоѓа во војна со тарифите со Пекинг, изјави дека „САД успешно напредуваат во преговорите со Кина“ иако датумот за следната рунда преговори се планира за подоцна следниот месец во Вашингтон, иако датумот не е прецизиран.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1168874291376656384

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1168874292626501633

Тој ги обвини претходните администрации во САД дека биле попустливи спрема Кина, истакнувајќи дека Пекинг лани имал 419 милијарди долари поголем извоз во САД.

Трамп рече дека и ЕУ ги третира САД нефер, согласно актуелната трговска спогодба и тоа наскоро ќе се смени.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1168879633984643072

XS
SM
MD
LG