Линкови за пристапност

Претседателот Трамп се залага за фер и реципрочна трговија


Правичност и реципроцитет – ова е отворена покана за секоја земја која сака да прави бизнис со САД“, изјави Трамп

Аналитичарите велат дека на азиската турнеја на претседателот на САД Доналд Трамп и` недостига суштина, иако тој се подготвува да го направи она што го ветува веќе подолго време: да се спротивстави на трговски пракси на Кина.

Во говорот во Кина, Трамп не го обвини Пекинг за големиот трговски дефицит со САД, кога кажа дека државата не е виновна за користење на другите земји за доброто на своите граѓани.

Тонот на Трамп беше различен во вчерашниот говор во Белата куќа, кога рече дека деновите кога САД се искористени, се поминати.

„Фер и реципрочна трговија. Тоа е многу важно. Овие два збора – правичност и реципроцитет – ова е отворена покана за секоја земја која сака да прави бизнис со САД“, изјави претседателот на САД.

Трамп рече дека САД повеќе не можат да толерираат трговски практики со кои се затвораат американски работни места и се краде интелектуалната сопственост.

Потпретседателот на Карнеги институтот за меѓународен мир, Даглас Пал, вели дека на почетокот на следниот месец се очекуваат два клучни трговски извештаја и ако нешто не се промени, тоа ќе доведе до повисоки царини за некои производи, дури и нивна целосна забрана. Пал додаде дека Кинезите најверојатно ќе воведат контра-мерки.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG