Линкови за пристапност

Трамп го претстави буџетот „Прво Америка“


Предвидени кратења во Стејт департментот од 28%

Белата куќа го претстави, како што го нарече, буџетот „Прво Америка“ за федералната влада.

Предлогот на претседателот Трамп значи кратење за бројни владини програми, меѓу кои и американската помош за странство, како и во Агенцијата одговорна за спроведување на регулативите за животната заштита.

Ако биде усвоен, тоа ќе значи целосно различен политички правец за САД под водство на новиот републикански претседател.

„Нема сомневање дека станува збор за моќен буџет“, изјави Мик Мулвани, директор од Канцеларијата за менаџмент и буџет во Белата куќа.

„Тоа може да го очекуваат нашите пријатели, но и непријатели. Претседателот сакаше да се фокусираме на ваков буџет и мислам дека завршивме добра работа“, рече Мулвани во Белата куќа.

Првиот буџет на Трамп, кој ја покрива фискална година до 1-ви октомври, најмногу средства издвојува за одбраната, ја јакне безбедноста на границите на САД, но предвидени се и дополнителни средства за секторот со приватни и јавни училишта, според Мулвани.

Со буџетски кратења – над 28 проценти во случајот со Стејт департментот, ќе се намали гломазноста на владата и ќе се подобри ефикасноста, рече тој.

Но, усвојувањето на легислативата бара 60 гласа во Сенатот. Републиканците имаат тесно мнозинство од 52 гласа, но нема гаранции дека сите законодавци од оваа партија ќе го поддржат буџетот, и најверојатно, речиси сите демократи ќе гласаат против.

XS
SM
MD
LG