Администрацијата на претседателот на САД презема уште еден чекор кон укинувањето на статусот за азил за повеќето мигранти од Централна Америка.
Денешната одлука им забранува на мигрантите да бараат азил во САД, ако најпрво патуваат низ друга држава.
Десетици илјади семејства имигранти од Централна Америка патуваат низ Мексико кон САД секој месец, а многумина од нив завршуваат со барање за азил.
Администрацијата на Трамп смета дека семејствата на имигрантите ги користат правните дупки во законите при што им овозможуваат на мигрантите да влезат во земјата, додека чекаат одговор на лажни барања за азил.
Ваквата одлука сигурно ќе биде правно оспорена, според Асошиејтед Прес.
Американските закони им дозволуваат на имигрантите да поднесат барање за азил, независно како дошле. Но, има исклучок за оние кои пристигнале преку земја која важи за „безбедна“.
Имиграционите групи тврдат дека политиката на актуелната администрација е бескрупулозен обид да се одвратат имигрантите од земјата.
Facebook Forum