Линкови за пристапност

Трамп им оддаде почит на Ерменците на Денот на сеќавање на жртвите


Armenia
Armenia

За разлика од неговите претходници, тој не го окарактеризира масакрот како геноцид

Претседателот Трамп изјави дека САД стојат со граѓаните од Ерменија на Денот на сеќавање на Ерменија, на одбележувањето на 103-та годишнина од почетокот на масакрот врз Ерменците од Отоманските Турци.

„Да им оддадеме почит на оние кои страдале, но и да ја одразиме нашата заложба дека нема да дозволиме повторно да се повторат такви злодела“, се вели во соопштението од Белата куќа.

За време на масакрот на Ерменците во време на Отоманската империја на почетокот од 1920-тите, повеќе од 1,5 милиони луѓе беа погубени.

За разлика од неговите претходници, Трамп не го користеше терминот геноцид за масакрот врз Ерменците.

Историчарите го користат тој термин кога се осврнуваат врз масовните убиства врз Ерменците. Но, сојузникот на САД, Турција, негира дека била спроведувана организирања кампања на етничко чистење.

Тие велат дека многу Ерменците го загубиле животот во виорот на Првата светска војна, вклучувајќи ја и руската инвазија.

XS
SM
MD
LG