Линкови за пристапност

Администрацијата на Трамп ги ограничува визите за странски работници во многу области


„Замрзнувањето“ на работните визи се однесува и врз многу компании од областа на технологијата, како визите од типот Ејџ-1Б или Џеј-1 за размена на студенти, и Ел-1, визи за менаџери на мултинационални корпорации.

Претседателот Трамп ги стопира имиграционите визи за многу категории за странските работници до крајот на годината, наведувајќи ја како причина економската штета од пандемијата со коронавирусот, вклучувајќи го и затворањето на работни места за американски државјани.

„Замрзнувањето“ на работните визи се однесува и врз многу компании од областа на технологијата, како визите од типот Ејџ-1Б или Џеј-1 за размена на студенти, и Ел-1, визи за менаџери на мултинационални корпорации.

Привремената забрана за издавање визи се однесува и на Ејџ-2Б за сезонски работници во областа на не земјоделски култури, иако направени се исклучоци за лицата во секторот за производство на храна, здравствените работници, бебиситери. И визите во земјоделскиот сектор, се исклучок.

Чекорот е неопходен за заштита на американските работници откако беа загубени многу работни места за време на коронавирусот и ќе спречат странци да ги пополнат 525.000 места ширум САД.
Белата куќа


Официјални лица од Белата куќа објавија дека чекорот е неопходен за заштита на американските работници откако беа загубени многу работни места за време на коронавирусот и ќе спречат странци да ги пополнат 525.000 места ширум САД.

Севкупно, 45, 5 милиони работници поднесоа барање за помош поради невработеност од средината на март, што е речиси една четвртина од работната сила од 164 милиони лица. Повеќе, детали:

https://www.voanews.com/usa/another-15-million-us-workers-seek-jobless-benefits

Критичарите велат дека претседателот Трамп ја користи пандемијата за туркање на агендата за намалување на имиграцијата во САД. Трамп, кој бара реизбор на изборите во ноември, ги наметна имиграционите прашања, како централен цел од кампањата.

Новата одлука за визите во САД не влијае врз имигрантите кои веќе живеат и работат во оваа земја.

Истражување на Вашингтон пост и Универзитетот на Мериленд покажа дека 65% од Американците поддржуваат запирање на издавање на повеќето имиграциони визи за време на пандемијата со коронавирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG